Skip to main content

Со какви проблеми се соочуваат приватните станоиздавачи?

Нелегални конкуренти, лоша соработка со туристичките агенции и наводна селективност во изборот на приватни станоиздавачи од страна на истите.

 |  Мишел Наумоски  | 
sobi
соби

Зад нас е уште една туристичка сезона. Резултатите од неа сите различно ги толкуваат, но она што е јасно за сите, е дека постојат проблеми кај туристичките работници во градов. Токму затоа на иницијатива на градоначалникот Никола Бакрачески приватните станоиздавачи, туристичките агенции и останатите туристички чинители седнаа на заедничка маса да ги кажат своите маки, своите проблеми, но и конструктивно да предложат. Она што како најгорлив проблем го истакнаа приватните станоиздавачи беше нелојалната и нелегална конкуренција која според нив го спушта нивото на квалитет кој се нуди на туристите, а оттука и грдата слика на станоиздавачи кои буквално трчаат по туристите низ градов.

stanoizdavaci„Ние приватните станоиздавачи уште пред четири години имавме една акција која ја поведовме и сакаме да ставиме ред во нелегалната конкуренција на приватните станоиздавачи кои се легално пријавени и кои имаат правилно документи, а имаме во градот диви издавачи на приватни станови кои не се пријавени и не ги плаќаат таксите на локалната самоуправа. Тука не се виновни приватните станоиздавачи, туку самите инспекциски служби кои не си ја вршат својата работа професионално и како што треба. Оваа година за жал имавме големи проблеми со локалната самоуправа.“-вели Перо Петрески, приватен станоиздавач.

Според началникот пак на државниот пазарен инспекторат од Охрид, Ѓорѓи Бошалески, проблемот се состои во непочитувањето на законите.

divi stanoizdavaci„Проблемот е што не се почитува законот. Станоиздавачите реагираат дека се регистрирани, дека се легални и дека треба ако се легално регистрирани, на секое место да застанат и да чекаат и сместуваат гости. Меѓутоа, Законот за угостителска дејност и Законот за туристичка дејност не го вели тоа. Во нив убаво пишува дека секое издавање на гости оди преку туристичка агенција што значи дека не треба само формално да склучат договор со туристичка агенција и после да застанат каде сакаат и сами да си сместуваат гости и да ја гледаме таа грда слика која се повторуваше години, освен оваа, имавме убава соработка со инспекторите на ТЛЕР и комуналните инспектори односно редарите при туристичката инспекција.“-рече началникот на државниот пазарен инспекторат од Охрид, Ѓорѓи Бошалески.

sredba stanoizdavaciСекторот за ТЛЕР за решавање на проблемот со чекачите на туристи, прелага формирање на еден вид туристичка берза.

„Наша идеја е да се формира еден тип на туристички берзи на кои што на организиран начин, овие станоиздавачи би ги презентирале своите капацитети, да нема директен допир. Да не одат тие кон туристите, туку туристите да доаѓаат кон нив, затоа и со формирањето на оваа асоцијација, самите станоиздавачи со некоја симболична членарина ќе формираат и еден буџет на асоцијацијата кој ќе можат да го трошат во изготвување на пропаганден материјал.“-изјави раководителот на секторот за ТЛЕР, Ѓоко Апостолов.

Станоиздавачите се пожалија и на лошата соработка со туристичките агенции во градов. Велат дека агенциите селективно ги сместуваат гостите и соработуваат само со одредени станоиздавачи. Туристичките агенции пак велат дека нема некој посебен ред по кој ги сместуваат гостите.

„Има да речеме според тоа како добиле лиценца, односно со две, три или четири ѕвездички, апартмани, по желба на туристите. Во кој дел од градот сакаат да престојуваат, дали сакаат во центарот, дали сакаат поефтини, поскапи, цената е секогаш главен фактор, нема некој посебен ред.“-вели Горан Филиповски од туристичката агенција, „Компас Травел“.

cekaci turistiОд локалната самоуправа пак велат дека решението на проблемите треба да се бара во формирање на здружение на приватните станоиздавачи по теркот на ХОТАМ.

„Наша цел и заложба е согласно законските рамки да се формира статут на оваа асоцијација, органи и тела преку кои понатака тие ќе можат на соодветен начин да ги остварат своите права и поефикасно да се занимаваат со својот бизнис, односно да им ја олесни дејноста за која се регистрирани. Од друга страна, она што ние го ветивме во текот на оваа година, ќе го реализираме наредната година, а тоа е субвенционирање на приватните станоиздавачи.“-рече градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

Оваа туристичка сезона е зад нас, а колку предложените решенија ќе имаат ефект или ќе бидат реализирани, останува да видиме до наредното лето.

{loadposition content9}