Skip to main content

Балкански фестивал на народни песни и игри

Со концерт на Танец започнува 62-то издание на Балканскиот фестивал

На сцената на Долни Сарај љубителите на фолклорот ќе имаат можност да погледнат настапи на ансамбли и културно-уметнички друштва од Македонија, Словенија, Полска и САД.

Со целовечерен концерт на Националниот ансамбл „Танец“ на 5-ти јули (среда) на Долни Сарај започнува 62-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри во организација на Центарот за култура „Григор Прличев“.

На свеченото отворање на фестивалот свое обраќање ќе имаат директорот на Центарот зa култура, Горан Симоноски, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, како и потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Горан Мисовски.

Традиционално пред почетокот на концертот, во 19 часот, учесниците на фолклорната манифестација ќе продефилираат низ охридската чаршија.

На сцената на Долни Сарај љубителите на фолклорот ќе имаат можност да погледнат настапи на ансамбли и културно-уметнички друштва од Македонија, Словенија, Полска и САД.

Во рамките на програмата утре (4 јули ) со почеток во 20 часот предвидено е отворање на изложбата на фотографии на традиционални носии „Од Љубанишча до Дебор” од авторот Љупчо Милошевски во Центарот за култура. Влезот е слободен.

Најстарата фолклорна манифестација на Балканот се одржува под покровителство на Собранието на Република Северна Македонија.