Уапсен албански државјанин
Со лажни документи се обидел да мине на аеродром
20-годишен државјанин на Албанија е уапсен откако со лажни документи се обидел да мине на аеродромот во Охрид.
На 08.05.2022 во 11:15 часот на Граничен премин Аеродром „Св. Апостол Павле“ – Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Ш.А.(20) од Република Албанија.
При проверка било констатирано дека има фалсификувани лични документи. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Охрид за понатамошна постапка – информира МВР.


