Skip to main content

Совет на Општина Охрид

Со налепници ќе бидат обележани службените возила на Општина Охрид

Ќе се реализира иницијативата на Левица Охрид за обележување на службените возила со кои располага Општина Охрид. Десетината возила со кои располага локалната ќе бидат обележани со лепенки со цел да се спречи злоупотреба на истите за приватни потреби на административците.
 |  инфодеск  | 

Во неколку наврати од Левица Охрид пред советот на Општината се покренува иницијативата за обележување на службените возила. Од Левица, на седницата на советот во месец април, дури доставија и лепенки со кои би се извршило обележувањето.

„Ме интересира зошто Општина Охрид постојано одбива да ги обележи службените возила и сметам дека граѓаните треба да имаат увид барем во тој дел да видат дали се врши злоупотреба и како се трошат нивните пари.“ – потсети на иницијативата советничката од Левица, Виолета Аврамоска на последната седница на Совет посветена на советнички прашања.

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и одговори на советничката од редовите на „Левица“ дека, службените возила од Општина Охрид ќе бидат обележани.

„Не со оние лепенки кои ги дадовте, секако не само за граѓаните и мене ми е битно, иако јас речиси и да не ги користам. Не дека тоа е нешто со кое се  фалам, но речиси и да не користам, блиску живеам до Општината, па освен за службени патувања и за некоја потреба која се случува. Како и да е, ќе бидат обележани, но не со лепенките кои ги дадовте, да бидам попрецизен.“ – кажа Пецаков.

Од Левица инаку информираа дека преку доставување на барање за пристап до информации од јавен карактер добиле информација дека Општина Охрид располага со 10 службени возила.