ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“ традиционално кампањата за парламентарните избори ја започнуваат од Охрид, со голем народен собир.
На настанот кој ќе се одржи на Градскиот плоштад во Охрид, со почеток во 20:00 часот, свое обраќање ќе имаат д-р Ѓорѓија Сајкоски, носител на листата во Петтата изборна единица, кандидатката за претседател на Република Македонија, проф. д-р Гордана Силјановска- Дафкова и претседателот на партијата проф. д-р Христијан Мицкоски.