Со работилници, семинари, форуми, Националната платформа за женско претприемништво засилено работи на јакнење на позицијата на жената. Особено внимание се става на економско зајакнување и олеснување на пристапот до финансии. Над 90% од жените претприемачи во земјава раководат со микро или мали бизниси. Деловните жени мора да го добијат заслуженото место.
„Поминавме во година и два месеци седум обуки, кои што беа пристап до финансии , цикркуларна економија дури и како влијаат климатските услови на претприемништвото. Во групите кои што ги посетуваа овие обуки имавме и од најмладите женски претпиемачи кои што се уште ни се во училиштата, факултетите и се разбира бизнис секторот почнувајќи од руралната жена до микро и марко претпријатија, занаетчии, адвокати и секој оној сегмент каде жената се наоѓа како носител на бизнис. Проникнаа нови идеи за бизнис особено во овој период, занеме дека Охрид е град со сезоналност им испаднаа идеи што да прават со остатокот на времето” – вели Сузана Наумоска од Националната платформа за женско претприемништво
Во сите осум плански региони во земјава се формирани Совети на жени, кои како засебни тела го унапредуваат женското претприемништво. Во охридскиот совет основачи се 17 жени од различни бизнис сфери.
„ Оснивачки членови се 17 имаме од сите бранши, дури и советнички од општина Охрид, од ЛЕР, бизнис сектор, активни чинители. Ние самостојно ја изработивме стратегијата на општина Охрид која ги има сите податоци, пресек на економската состојба на жените во градот, со што ние го направивме Акцискиот план кој што ке го реализираме оваа година”, додава Сузана Наумоска локален координатор на Југозападен плански регион.
И државата и локалните заедници заеднички треба да работат на зголемување на бројот на жени сопственици на бизнис.
Новинар Соња Рилковска