Со новиот објект „ИТ кафе“ се збогатува охридската угостителска понуда
Станува збор за угостителски објект со единствен ентериер и местоположба. Посетителите ќе имаат можност да го пијат најдоброто кафе, да консумираат најквалитетна храна, а сето тоа пропратено со избрана музика.
„Итали кафе“ е новиот објект со кој охридската угостителска понуда станува побогата. Во низата кафулиња и ресторани со „ИТ кафе“ градот добива нов препознатлив угоститески објект, информира ПР менаџерот Јасна Стојаноска.
„ Се наоѓаме во срцето на Охридската чаршија кај скаличките до ТЦ Амам. Во „ИТ кафе“ ќе имаме добро избрана музика, гостите ќе уживаат во добра урбано место , со вкусна харна , добри пијалоци и најдобро кафе“, напоменува Стојаноска.
Италијаскиот шарм ќе го пронајдете во „Итали кафе“, со стилски ентериер и прекрасен амбиент. Место каде што посетителите ќе може да уживаат во летните денови.
Имаме голем избор на вкусни јадења. Интересно е тоа што цените ќе бидат прифатливи ,а во тоа ќе се уверат гостите. Објeктот на мени има итaлијaнски специјалитети, но во иднина асортиманот ќе биде побогат со избор на многу повеќе италијански јадења“, нагласува Стојаноска.
„ Итали кафе“ има капацитет од 200 седишта, а за добра забава се најавуваат незборавни вечери со Ди-џеи и познати музички имиња од македонската естрадна сцена.