Со полн капацитет работи градскиот отворен базен
Голем интерес има за користење на капацитетите на двата базени од школите за пливање, но и од рекреативците. Од ЈП Билјанини извори информираат дека базените редовно се одржуваат и водата подлежи на контрола.
Градскиoт базен работи со полн капацитет. Отворен е за пливачите и рекреативците од девет часот наутро до 20 часот навечер. Интерес за користење на двата базени има од школите за пливање и од рекреативците, информира Гордана Јованоска, директор на ЈП „Билјанини извори“ кое стопанисува и се грижи за одржување на големиот и малиот градски базен.
„ Водата е беспрекорно чиста, испитана е, добара е хемиски и бактериолошки. Водата е топла во текот на денот и температурата се движи од 25 до 27 степени. Ние го сервисираме претходно базенот и нема проблем. Напојувањето на базените со вода е решено , а е комлетно направен ремонт на пумпите“, кажува Јованоска.
За користење на двата базени има голем интерес од двете пливачки школи и од рекреативци. За безбедноста на пливачите се ангажирани спасители на вода. Во периодот од 9 до 14 часот базените ги користат пливачките школи, а по 14 часот во базените се рекреативците, информира Јованоска.
„ Интересот е добар , има петстотини деца во школите каде што учат да пливаат во малиот и големиот базен. Се надевам дека некое од овие деца ќе биде гордост на Охрид и ќе го замени Александар Меленко“, вели Јованоска.
По 20 часот до 23 часот навечер просторот и базените може да се користат и за различни манифестации и забави, напоменува Јованоска. Цената на влезниците за градскиот базен за рекреативците е непроменета и изнесува 60 денари.