Клуб за потрага по исчезнати лица
Со помош на ПСС изградени боксови за кучињата од клубот Куче Спасител
Со тоа добивме подобри услови за чување на кучињата кои во моментов се обучуваат за потрага по исчезнати лица во планински предели, велат од клубот „Куче Спасител“ Охрид.
Клубот за потрага по исчезнати лица „КУЧЕ СПАСИТЕЛ” Охрид ја доби досега најголемата помош од страна на Планинската спасителна служба-Црвен Крст Охрид.
Со помош на Планинската спасителска служба, изградивме боксови за сместување на клубските кучиња. Со тоа добивме подобри услови за чување на кучињата кои во моментов се обучуваат за потрага по исчезнати лица во планински предели – информираа од „Куче спасител“ на нивната официјална фејсбук страница.


твм.мк


