Со помош на механизацијата на „Македонија пат“ ќе се отстрануваат бесправно изградените објекти во Охридскиот регион
Владата на Република Северна Македонија на 69-та седница, го задолжи Јавното Претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта “Македонија пат”, во соработка и координација со општина Охрид да и стави на располагање соодветна механизација согласно Мерката да продолжи и да се интензивира отстранувањето на бесправно изградени објекти во Охридскиот регион, со приоритет на крајбрежјето и на објектите нотирани од страна на НП Галичица.

„Упатувам јавна благодарност до Владата за поддршката на активностите за отстранување на бесправните градби. Убеден сум дека само преку заедничко делување и на локалната и централната власт ќе може да ја оствариме нашата заедничка цел, а тоа е зачувување на Светското природно и културно наследство на Охридскиот регион“, напиша на својот фејсбук профил, градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески.