Skip to main content

Со помош на волонтеризам до кршење на предрасудите за лицата со аутизам

Во рамките на проектот „Волонтеризмот во служба на аутизмот“, денес волонтерите од шест земји ја посетија нашата општина и ги споделија искуствата од своите земји, односно како нивните држави пристапуваат кон проблемот со аутизмот, но и малата информираност на луѓето за оваа и сличните состојби.

 |  Мишел Наумоски  | 
logo
лого

Волонтеризмот одлична алатка за подлабоко спознавање со аутизмот и кршење на предрасудите кај луѓето во однос на оваа и на неа сличните состојби. Денес, 36 волонтери од шест различни земји кои работат на проектот кој носи сличен наслов „Волонтеризмот во служба на аутизмот“ ја посетија нашата општина и ги споделуваа своите искуства, односно искуствата на нивните држави во справувањето со проблемот со аутизмот, но и слабата информираност кај луѓето за каква состојба всушност станува збор.

dneven centarСпоред Ѓоко Вукановски од Волонтерскиот центар од Скопје кои се дел од проектот, волонтеризмот не е семоќен, но може многу да стори.

„Волонтеризмот не може сам по себе да биде средство, но може да биде добра алатка која може да послужи да луѓето се активираат на локално ниво, како што имавме ние и случај да за прв пат се среќаваат со деца со аутизам преку волонтерски активности  и сметаме дека со користење на волонтерството и активација посебно на младите луѓе, но и на родителите, ние ќе ги скршиме тие табуа затоа што генерално јас сметам дека ние се плашиме само од она што не го знаеме. Во моментот кога ќе се спознаеме со нешто, сметам дека тој страв изчезнува.“-вели координаторот на Волонтерски центар-Скопје, Ѓоко Вукановски.

zraciПретседателката на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска, која заедно со заменик-градоначалникот Ангел Јанев беше домаќин на волонтерите, вели дека нивната денешна средба била убава можност да се разменат искуствата во справувањето со аутизмот.

„Да ја искажеме својата цврста заложба како локална самоуправа дека сите напори наши и во иднина ќе бидат во насока на подобрување на вкупната клима, почнувајќи од подигнување на јавната свест за постоењето на оваа состојба, до преземањето на конкретни чекори како што е формирањето на дневен центар за згрижување односно работа со оваа категорија на луѓе.“-рече претседателката на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска.

Инаку во проектот „Волонтеризмот во служба на аутизмот“ учество земаат волонтери од Македонија, Хрватска, Словенија, Бугарија, Турција и Романија. Организатор на оваа младинска размена е здружението на граѓани „Во мојот свет“ од Скопје, со поддршка на Волонтерскиот центар од Скопје. Проектот е финансиски поддржан преку грант обезбеден од Македонската национална агенција за европски образовни програми „Мобилност“ во рамките на програмата „Млади во акција“ поддржана од Европската комисија.

{loadposition content9}