Skip to main content

Театар

Со претставата “Госпоѓа Министерка”, Народниот Театар од Охрид ќе го прослави 13-тиот роденден

Во понеделник, 3-ти јуни, со претставата “Госпоѓа Министерка”, Народниот театар од Охрид ќе го прослави својот тринаесетти роденден.
 |  инфодеск  | 

Текстот на познатиот комедиограф и сатиричар Бранислав Нушиќ го постави и режираше Благој Мицевски, а улогата на Министерката Живка ја интерпретира Биљана Билаловиќ Вељаноска. Покрај неа во претставата играат и актерите: Горан Стојаноски, Павел Маслов, Никола Тодороски, Ивица Цонев и Филип Кипровски.

Претставата започнува во 20:00 часот, а билети по цена од 250 денари можат да се набават на билетарата при Центарот за култура “Григор Прличев”-Охрид.