Со претставата Роденденот на господинот Нушиќ завршува 54- тото издание на Фестивалот Охридско лето
претставата Роденденот на господинот Нушиќ завршува 54- тото издание на Фестивалот Охридско лето.
„ Роденденот на господинот Нушиќ “е претставата со која завршува годинешното издание на Фестивалот Охридско лето. Со гостувањето на актерите од белгардскиот Звездара театар се одбележува јубилејот 150 години од раѓањето на комедиографот Бранислав Нушиќ кој оставил силен белег во драмската литертура на балканските простори. Текстото на Душан Ковачевиќ, „ Роденденот на гоподин Нушиќ“ кој ќе се игра вечерва на сцената во Центарот за култура, донесува потполно нови непознати информации од биографијата на генијалниот комедиограф.
Главната улога на Бранислав Нушиќ ја донесува познатиот српски актер Бранислав Лечиќ. За улогата вели дека е голема чест и одговорност. Немав многу елементи за да направам класичен лик, немав податоци што се случувало во животот на човекот кој правел комедии и кој ги засмејувал луѓето, кажува Лечиќ.
„ Претставата е една сцена во која се менуваат актерите и настаните, на една кафеанска забава, во која дознаваме многу убави нешта, поврзани за Нушиќ, а понекогаш и тажни. Од тој контраст публиката ќе дознае колку е тешко некој кој предизвикува смеење и секогаш некого засмејува , а во себе носи тага во својот личен живот, и тоа најмногу ме допре“, вели Лечиќ.
Во врвната актерска екипа која учествува во оваа претстава игра и Драган Петровиќ во улогата на Станое, сопственик на кафана и воен другар на Нушиќ. Тие двајцата учествувале во 3 војни, првата и втората Балканска војна и Првата Светска војна. Тој во чест на 60 години од роденденот на Нушиќ организирал забава во негова чест, појаснува детали од претставата Петровиќ.
„ Мене ми беше полесно од колку на Лека мојот лик е измислен и не морав да барам историски податоци. За таа личност имав слобода да измислам што сакам , ми беше лесно да најдам решение се потпрев на силните ликови кои ги напишал Нушиќ во своите комедии.“
Покрај актерите Лечиќ и Петровиќ игра и помладата екипа на актери како што се Тамара Драгичевиќ, Петар Бенчина, Иван Зариќ, Санда Балбан и др. Режисер на претставата „Роденденот на господинот Нушиќ “ е Небојша Брадиќ.
{loadposition content9}