Skip to main content

Со проектот Македонија вработува досега се вработиле над 630 охриѓани

Со проектот Македонија вработува досега  се вработиле над 630 охриѓани .

 |  Валентина Неловска  | 
ag

Со низа поволности за вработување во евиденцијата на охридската Агенција за вработување стапката на невработеност од лани досега се намалила за 15 проценти. Минатата година од 4800 активни баратели на работа годинава бројката се намалила за над 600. Со проектот  Македонија вработува од минатата година до сега се вработиле поголем број охриѓани од најразлични профили, степен на образование и возраст, информира директорот на Агенцијата за вработување Јован Баткоски.


„Сакам да потенцирам дека во минатата година овој бенефит го искористиле повеќе од 630 лица во центарот за вработување. Се вработиле со ослободување на плаќање на придонеси за задолжителното социјално осигурување. Најбројни се помладите лица  од 25 до 35 години, околу 400, од 35 до 50 и над 58 годишна возраст како и одредена категорија кои припаѓаат на ранливата категорија невработени лица“, подвлекува Баткоски.  

Со новиот Закон за продолжување на проектот Македонија вработува има можност и понатака да се вработуваат лица кои треба да исполнуваат одрдени услови, а исто така и  работодавачите подлежат на исполнување на  одредени услови  за да се искористи мерката за вработување, додава Баткоски.


„За ангажман и вработување се потребни три услови. Тоа се лицата 2 години да не се вработени кај ист работодавач, а работодавачот од 15 мај да немал намалување на врботените лица, легално да врши исплата на плати, придонеси и даноци  и да не доцни повеќе од 2 месеци“, наведува Баткоски.

Лицата кои работодавачот ќе ги прими на работа треба да ги задржи во работен однос од 3 до 5 години.
За овој проект има интерес и досега во Агенцијата  за вработување доставиле пријави 16 невработени лица од различни профили, информира Баткоски. Законот со кој продолжува проектот Македонија вработува ќе биде во сила до 28 јуни 2017 година.

За промовирање на проектот Македонија вработува, Агенцијата за вработување, во среда, 27ми јули, на градскиот плоштад, од 18 до 21 часот ќе постави штанд, на кој граѓаните ќе можат да добијат подетални информации.