Skip to main content

Со програмата Еразмус плус младите луѓе од европските земји споделуваат различни искуства

  Имаат можност да патуваат, учат нови јазици и култури. Младите луѓе од  регионов  добиваат можност да направат нешто ново, да научат бизнис модели за да останат дома, а не да заминуваат.

 |  Валентина Неловска  | 

Чехињата Илона Олахлова, менаџер на проекти од Европската Комисија со група млади луѓе од неколку Европски земји споделуваат искуства и контакти за соработка. Со програмата Еразмус плус младите луѓе добиваат можност да патуваат, да учат јазици и други култури, да ја подигаат свеста за маргинализираните групи и да ги вклучуваат во општеството. И самата, Олахлова , пред неколку години со програмата Еразмус плус дошла во земјава и го научила Македонскиот јазик. Таа се вклучила во проекти и вели се обидуваат да им понудат на младите луѓе да направат нешто ново, да научат бизнис модели, да останат дома, а не да заминуваат.

 

Ние сакаме да покажеме примери на луѓе кои остануваат во државата и имаат свои бизниси. Сакавме да им покажеме примери на младите луѓе дека може да направат нешто и тука не мора да заминат може да искористат некое ново исксутво и да им се даде опција “, кажува Олахлова.

Маринела Зафирова, професор по Англиски јазик од Свети Николе, споделува позитивни искуства од Еразмус плус програмата. Зафирова заедно со ученик од нивното училиште се дел од проектот „ Зајакнување на маргинализираните групи“.

Фидбек од оваа програма е можноста да го пренесеме искуството во училиштето.Преку вмрежување на низа активности да се вклучат учениците, да ги сензибилизираме што значи маргинализирана група како да се интегрираат во процесот на образованието“, вели Зафирова.

Проектот Зајакнување на маргинализираните групи од Еразмус плус програмата се одвива во три етапи. 40тина млади луѓе од 8 европски земји денес гостуваа во Охрид по престојот во Албанија и Косово.