Skip to main content

Со СМС или со грепка до паркинг место, во Охрид

Со СМС или со грепка до паркинг место, во Охрид. Најдоцна до 20 мај, во нашиот град ќе отпочне начинот на наплата за паркирање преку СМС порака, обелоденува директорката на ЈП „Билјанини Извори“, Гордана Јованоска. Таа смета дека со тоа ќе се стави поголем ред во паркирањето, а за гостите од странство пак кои сакаат да паркираат ќе има грепки.

 |  Николоска Биљана  | 

До 1 ви мај ќе се знае која софтверска куќа ќе го вовде СМС паркирањето во Охрид . Во моментов сеуште тече тендерската постапка за пријавување на апликанти, која ја спроведува Бирото за јавни набавки. Директорката на ЈП „Билјанини Извори“ Гордана Јованоска вели дека голем бил интересот за овој тендер, така што досега биле подигнати 12 тендерски документации. Таа открива кога ќе биде во функција новиот начин на наплата на паркнг.

До 1 мај најдоцна ќе се знае преку која софтверска куќа ќе оди СМС паркирањето, но монтирањето на информативни табли и обуките кои теба да ги обават нашите вработени ќе одземат можеби уште десетина дена затоа даваме рок до 20 мај начинот на наплата на паркинг просторот во Охрид да оди преку СМС, со зoнско паркирање“

Јованоска посочува дека за решавање на урбаниот проблем со паркирањето, градските власти подолг временски период подготвувале воведување на нов систем за контролирани паркинг зони, со кој конечно ќе се стави поголем ред во паркирањето во туристичкиот бисер.

Начинот на наплата ќе биде предку СМС за странците ќе има одредени грепки кои ќе можат да ги стават на своите возила, секое возило ќе биде означено каде што е наплатено и ќе се знае кој плаќа кој не. Тие што не плаќаат како и досега ќе бидат санкционирани, и покрај тоа што оваа мерка не е популарна но тоа е единствен начин кој мора и понатака да се прави“

Услугата за СМС паркирањето се состои во тоа што на лесен и брз начин се плаќа паркинг преку мобилен телефон. Оваа услуга има повеќе предности за возачите.