Со спогодбени договори општинскиот долг намален за 10 милиони денари
Со спогодбени договори општинскиот долг намален за 10 милиони денари.
Локалната самоуправа води спогодбени преговори со правните и физичките лица кои имаат извршни побарувања од општината. Колкав е бројот на фирмите кои се спогодиле со Локалната самоупрва одговор побара советникот од ЛДП Дејан Блажески.
„Колку од фирмите од кои ги побаравте за отпишување на долгот го отпишаа“, праша Блажески.
Градоначалникот Никола Бакрачески кажа дека во моментов најсложена и најтешка операција е деблокирањето на општинската сметка. Според списокот од Министерството за финансии општината е должник на 155 субјекти. Дневно се пресеметуваат и по 14.000 евра законски затезни камати, рече Градоначалникот. Со спогодебно договарање треба да се исплатат 61 милион и 552.00о денари или долгот по овој основ е намален за 10 милиони денари, информираше градоначалникот.
„ Со некои од нив се водеа комплексни разговори. 25 од нив склучија договори со Локалната самоуправа со одредби за исплата на општината на долгот на рати од 3 месеци до 48 рати. Најголем дел од тие субјекти ќе се откажат од законската затезна каматат и дел од основицата на долгот, рече првиот човек на градот“.
Советникот Блажески се интересираше зошто Министерството за финасии не го одобри комерцијалниот кредит на Локалната самоуправа за да се санираат долговите.
„ Зошто по две одлуки на советот Министерството за финансии и Ставрески не се гарант за овој комерцијален кредит“, се интересираше Блажески.
Бакрачески призна дека општината не може да го добие овој кредит. Затоа пак потенцираше дека работат на проекти со кои може да добијат кредит од Светска банка по поволни услови за разлика од комерцијалниот кредит.
„ Нашите можности се ограничени. Лимитот за ваков кредит е 4,1 милион евра и во овој момент според финансиските показатели на општината ние немаме можност да го добиеме“, рече градоначалникот.
Градоначалникот Бакрачески се осврна и на прашањата од советничката Јованка Точкова.Taa праша за висината на потрошените пари за репрезентации на Локалната самоуправа и Јавните претпријатија за периодот јануари – март 2013 година и за реализираните проекти за реконструкција на училиштата и градинките.
Бакрачески кажа дека во предизборниот период лани по основ на репрезентации недомаќински биле потрошени повеќе од 40.000 евра. Наброја и бројни проекти со кои во изминативе 11 месеци е подобрена инфраструктурата на основните училшта и објектите во детските градинки во Охрид и околината.
{loadposition content9}