Skip to main content

Општина охрид

Собир на граѓани за Урбана заедница 2 Центар

Општина Охрид свикува Собир на граѓани за Урбана заедница 2-Центар. Собирот ќе се одржи во големата сала на општината.
 |  инфодеск  | 
Известување

На 16.06.2022 (четврток) со почеток во 19 часот се свикува Собир на граѓани за Урбана заедница-2 Центар. Собирот ќе се одржи во големата сала на општина Охрид.

Урбаната заедница-2 Центар го зазема источниот дел од крајбрежјето и се граничи со: од Исток булевар „АСНОМ”, од Запад булевар „Македонски Просветители”, од Север булевар „Туристичка” и од Југ Охридско Езеро.

Поради вршење избор на членови на совет на урбана заедница, се повикуваат сите полнолетни лица кои според лична карта имаат живеалиште на следните улици:

-Бул. „Туристичка” – лева страна (непарни броеви) од почеток до пресек со бул. „Македонски Просветители” (зграда “Печијаре” бр.79 ), бул. „Македонски Просветители” од езеро десна страна –парни броеви до бр.16 пресек со бул. „Туристичка” (кај зграда “Печијаре”), ул. „Ванчо Николески”, ул. „Димитар Влахов”, ул. „Кеј Македонија”, ул. „Партизанска”, ул. „Серафим Китаноски”, ул. „Страшо Пинџур”, ул. „Војдан Чернодрински“, ул.„Јане Сандански”, од почеток лева страна бр.1-бр.47 и десна страна од бр.2-бр.32 (семафори „Мини Маркет”) пресек со бул. „Туристичка”, ул. „Славеј Планина”, ул. „Спас Банџов”, ул. „АСНОМ”–од езеро до пресек со бул. „Туристичка” зграда А-13, „Даме Груев” – од почеток до бр.87 и бр.112 (пресек со бул. „Туристичка”), ул. „Мите Богоески”, ул. „Кузман Јосифоски”.