Skip to main content

Уште едно собиралиште на наркозависници

Во градов се појави ново собиралиште на наркозависници и други извршители на малолетничка деликвенција. Од Свр Охрид велат дека досега кај нив не е пријавен ваков случај.

 |  Јаковлева Лионела  | 
most
мост

 

Во градов се појави ново собиралиште на наркозависници и други извршители на малолетничка деликвенција. Откога пред две години беа срушени неколку стари куќи кои се наоѓаа во близина на училиштето Христо Узунов, а беа собиралиште на наркозависници, сега тоа се прави на нова локација, тврдат мештаните од овој дел на градот. Тие објаснуваат дека собиралиште на наркомани, а и на проститутки е надвозникот на улицата Питу Гули.most

Од Свр Охрид велат дека досега кај нив не е пријавен ваков случај. Тие потврдуваат дека во овој дел од градот пред две-три години имало неколку локации кои биле собиралиште на наркозависници, но конкретно за овој надвозник немаат такви сознанија. Синоќа нивни патроли на наша иницијатива во доцните ноќни часови го посетиле ова место.

Димовски вели дека и понатаму ќе вршат контроли на оваа локација и додава дека само со заедничка соработка со граѓаните, медиумите и другите релевантни институции ќе се зголеми степенот на безбедност во градов. Инаку, во СВР се  регистрирани 401 нарко зависник, од кои пет се и дилери. Случај на малолетничка проституција не е регистриран.

{loadposition content9}