Skip to main content

Собрани сите потребни парични средства за лекување на охриѓанката Бојана

Во нејзината објава на Фејсбук, додава дека во овој момент сите телефонски линии се затворени.
 |  инфодеск  | 

Бојана Танеска Бонеска, на која и беше дијагностициран Small Bowel Neuroendocrine Carcinoma и за која беа организирани хуманитарни акции со цел да и се помогне да се соберат 90 илјади евра, информираше дека сите парични средства се собрани. Во нејзината објава на Фејсбук, додава дека во овој момент сите телефонски линии се затворени.

„Благодарам на мојот град Охрид, на цела Македонија, на луѓето надвор од нашата земја кои несебично донираа. Животот не е секогаш обично место на фотелја,знае да се сруши како кула од карти. Се ова е Божја промисла, која не учи да сме понизни и да не врати кон него. Мојата борба ќе трае, но знам, колку и да е тешко, душата кога поминува низ болка станува помирна и поблиска со Бога, а кога се има поддршка, се е полесно. Ви посакувам Бог да ви даде здравје“, стои во објавата од Бојана на Фејсбук.