Skip to main content

Собрани се средства за почеток на лекувањето на малата Ева, потребни се уште 45.000 евра за операција

Семејството на Ева упати благодарност до сите хумани граѓани за сета грижа, љубов и несебичност во овој за нив тежок период.
 |  инфодеск  | 

Потребната сума за почетокот на лекувањето во висина од 208 000 евра се собрани од приватни средства на семејството и вашите донации, и лекувањето може да започне!– објавија од семејството на Ева.

Остануваат уште 45 000 евра кои ќе бидат потребни за операција по два месеци. За таа цел, и понатаму ќе останат отворени двете телефонски линии,  143-126 на мрежата на Telekom и 143-504, преку мрежата на А1 и сметката за донации и кампањата преку платформата  ecrowd.mk.

Семејството на Ева упати благодарност до сите хумани граѓани за сета грижа, љубов и несебичност во овој за нив тежок период.