Собранието ги изгласа измените на законот за експропријација поднесени од Николоски и Затуроска
На денешната седница (18.10.2012) на Собранието на Република Македонија беа изгласани измените и дополнувањата на Законот за експропријација поднесени од пратениците Александар Николоски и Лилјана Затуроска.
На денешната седница (18.10.2012) на Собранието на Република Македонија беа изгласани измените и дополнувањата на Законот за експропријација поднесени од пратениците Александар Николоски и Лилјана Затуроска.
Овие измени се суштински значајни за подобрување на процесот на експропријација што ќе овозможи реализација на голем број проекти. Имено, со предлогот на пратениците Николоски и Затуроска, предвидено е објектите од прва категорија предвидени со соодветните детални урбанистички планови, како што се хидроцентрали, термоцентрали, патишта, водоводи, канализациони мрежи, спортски објекти, објекти од областа на образованието и науката да можат да се градат во побрза постапка. Исто така со измените на законот предвидено е во оваа категорија да влезат и спортски објекти со капацитет помал од 10.000 гледачи, што значи силно раздвижување на изградбата на спортски објкекти.- велат од ВМРО -ДПМНЕ.
Со измените на Законот за експропријација , пратениците сметаат дека државата полесно ќе може да гради објекти кои ќе бидат од јавен интерес и нема да се чека со години согласност од сопственикот на земјиштето.
Пратеникот Александар Николоски објаснува дека начелото на договарање помеѓу сопствениците на земјиштето и државата останува, но се скратуваат долгите судски постапки кои што постоеа досега и кои значајно го отежнуваа процесот на експропријација што доведуваше до една ситуација да не можат да се реализираат значајни проекти. Со новите законски решенија овој дел е значајно убрзан имајќи предвид дека договарањето останува на сила, а се регулира делот на судските процеси каде што процесите за надомест во висина на вредноста на земјиштето остануваат, но тоа не ја оневозможува реализацијата и градбата на објектите. Со новите измени очекуваме да се убрзаат голем број на постапки за изградба на голем број инфраструктурни објекти и тоа ќе биде од значајна помош и поддршка како за државата така и за општините.
„Ова е секако значајно и за градот Охрид имајќи предвид дека и државата и општината ќе можат да реализираат голем број проекти за кои што досега имало голем број судски постапки. Како на пример, подолго време беше заглавен процесот на реконструкција на спортската сала во Велгошти, токму поради вакви проблеми кои сега со новите измени на Законот се отстранети, а со слични проблеми можеше да се соочи и реализацијата на неколку објекти во спортскиот комплекс Билјанини Извори кои сега ќе бидат надминати.“ – Александар Николоски, пратеник во Собрание на Р. Македонија.
{loadposition content9}