Skip to main content

Сојузот на борци од Охрид и Дебрца го одбележаа Авној

Сојузот на борци од Охрид и Дебрца го одбележаа  Авној.

 |  Валентина Неловска  | 
avnoj

Сојузот на борците и титоистите од Охрид и Дебрца традиционално го одбележаа 29-ти Ноември историскиот датум од  НОБ. За второто заседание на АВНОЈ одржано во Јајце на 29 и 30 ноември 1943 година и значајните историски одлуки посебно за македонскиот народ потсети историчарот професор Наце Иваноски. Со неколку одлуки Македонија за прв пат беше призната за рамноправна членка на федерацијата како држава, нацијата беше рамноправна со другите нации. На ова заседание беше призната и народноослободителната војска формирана на 18 август 1943 на Славеј. Уште една поважна одлука беше сите документи донесени на заседанието на АВНОЈ да се отпечатат на македонски јазик, вели професорот Иваноски.

avnoj
„ Со тоа се нанесе удар на сите соседни држави кои не не признаваа, асимилираа и присвојуваа како да не постоиме. Не ни ги признаваа нацијата и државата. Затоа овој ден е од големо значење за Македонија  кога за прв пат добивме можност да изградиме посебна држава“, подвлекува историчарот Иваноски.

avnojИваноски упатува апел до помладите генерации повеќе да се информираат за  датумите од нашата историја.


„Им препорачувам да читаат литертура од НОБ, да читаат и да ги почитуваат и датумите и учесниците во НОВ. Да им оддадат почит на 800.000 жртви или 24.000 жртви од Македонија во периодот од 1941 -1945 и на живите по војната, кои се вградени во изградбата на Македонија која денес ја имаме“, посочува Иваноски.

АВНОЈ  беше темел за свикување на АСНОМ кога беа удрени темелите на Република Македонија на 2 август 1944 година. Со тоа започна изградбата на Македонија, за денес да имаме самостојна, суверена Република Македонија, истакна Иваноски на денешениот собир.