Skip to main content

Солидна динамика во процесот на легализација

Во општина Охрид поднесени се вкупно 11 500 барања за легализација на бесправно изградените објекти.  2 500 од нив досега се завршени. Процесот на легализација посебно е интензивиран последниве 4 месеци со формирање на експертски комисии и конкретен акционен план.

 |  Николоска Биљана  | 
legalizacija
легализација

Процесот на легализација во Охрид се интензивира. Последниве 4 месеци Локалната самоуправа бележи нагорна линија по однос на прегледани, обработени како и комплетно решени предмети. legalizacijaСекретарот на општина Охрид Димитар Спасески појаснува дека наследиле лоша состојба во однос на процесот на легализација. Според него, овој процес се одвивал бавно и неорганизирано. Тоа го поткрепи со фактот дека за две години во рамките на општина Охрид,  до 01 април годинава, биле издадени 600 дозволи за легализација, додека пак во последниве 4 месеци односно од 01. април до 1 ви септември,  сликата е сосема поинаква.

 „Од 01.04. до 01. 09 годинава за процесот на легализација се обработени околу 1000 предмети. Тоа подразбира селекција на документацијата излегување на терен, разгледување и носење финално решение. За тие 1000 предмети издадени се вкупно 331 решенија на самите граѓани и комплетно е завршена постапката“.

Најголем број од предметите кои чекаат за легализација сеуште немаат изготвено елаборат. Оттука Спасески апелира охриѓани да не чекаат да дојде пет до дванаесет и препорача да се користат поволностите кои во рамките на Законот за легализација ги нуди министерството за транспорт и врски.

legalizacija„Би сакал апелирам и до граѓаните на општина Охрид кои се активни чинители во успешноста на овој процес да побразаат со изработка на елаборатите и на останатите документи кои што тие треба да ги подготват, а ние може да гарантираме дека службите на општина Охрид интензивно ќе работат и ќе ги сработат нините предмети. Значи најголем дел од предметите во Охрид чекаат за елаборат. Ние ја разираме и социјалната димензија на тој момент но исто така и граѓаните треба да не разберат нас не е доволно да се каже дека поднесен е предметот во општина туку постојано треба да го следат сопствениот предмет особено во документите кои што тие треба да ги достават“. 

Граѓаните што не поднеле елаборат за легализација на бесправна градба, тоа мора да го сторат најдоцна до 18 јуни 2014 година. Оние што ќе го испуштат овој рок, ќе го загубат правото на легализација и ќе се соочат со санкциите кои ги предвидел законот за легализација.

{loadposition content9}