Најволшебното дело на Шекспир „Сонот на летната ноќ“ утре на Охридско лето
Народниот театар од Охрид, премиерно ќе ја игра „Сон на летната ноќ“ од Вилијам Шекспир.
Претставата која е во режија на гостинот од Дубровник, Хрватска Иван Лео Лемо е една класика со многу реализам и индиска фантазија. Ова е премиерата на најволшебното дело на Шекспир.
„7 ми август ќе влезе дефинитивно во историјата на Охридскиот театар. Како и во историјата на Охридско лето. Минатата година имавме можност да го промовираме Охридскиот театар како еден од новоформираните театри во Р Македонија, долгододишна борба и на охриѓани и на културните работници во Македнија, а оваа година ќе ги претставиме со еден од најубавите текстови во историјата на драматургијата со претставата „Сон на летната ноќ“, голем залак – Шекспир“, истакна Ѓорѓи Јолевски драмски селетор на Охридско Лето.
Сцената каде ќе се игра преставата е малата сала во Центарот за култура. Директорката на центарот за култура смета дека охридскиот народен театар иако подновен со нови актери, ќе покаже дека како никогаш досега е подготвен да го донесе на цената еден шекспир со сета негова големина.
„Работата тече одлично и актерите се како што гледам многу задоволни од целокупниот процес и со самото тоа што преставата внесе еден нов дух ќе се види што е тоа што е ново и сметам дека за нашиот театар е голем успех што Иван Лео Лемо работи на овој проект кога се работи ваков текст од Шекспир“, истакна директорот на центарот за култура, Драгана Боцевска)
Уметничкиот директор на театарот Горан Стојаноски, напомена дека е голема одговорноста да се работи на вакви драмски структури, мегутоа заедно со режисерот направиле заеднички концентртат на многу светови во кои публиката ќе ужива.
„Со претствата малограѓанска свадба оваа екипа покажа дека е на рангот на вистинската вредност во однос на театрите и можам слободно да ги споредам со најголемите театри во Македнија така да во една силна заедничка вљубена атмосвера во овој процес заедно со Иван, дојдовме до еден резултат до нешто што сметам дека во час и половина е концентрат во неколку светови“, истакна Горан Стојановски,уметнички директор на народен театар Охрид.
Режисерското дело на Лемо, поставено во градот каде се спојуваат културите, ја отсликува длабочината на секоја реченица на Шекспир.
„За волшебниот Охрид веднаш сватив дека не постои покомпатибилен град за работа на текст од волшебникот Шекспир. Охрид целиот е како кула, со својот спој на разни култури, својата духовност во една шарена и бучна туристичка фасада која ја има секој туристички град но штом малку ќе се загребе по површината се разоткрива и охрид и луѓето и невидени длабочини као и во секоја Шекспирова реченица“, истакна режисерот на преставата Иван Лео Лемо.
Билјана Танески, која го толкува ликот на Задрогаз во Сонот на Летната ноќ вели дека машко женската улога на ликот, кој нема пол, дава голема креација за оние кои го играат.
„Со оглед на тоа дека немаше пол значи и дека немаше потешкотија. Тој е симпатичен лик кој што еден од главните протагонисти на комедија на интриги и голема благодарност затоа што е еден од најинтересните ликови кој повторно покажа што можам и за што сум спремна“, истакна актерката Билјана Танески.
Во претставата, која почнува од 20 часот, покрај Горан Стојаноски и Билјана Танески играат и Јасмина Билаловиќ, Билјана Билаловиќ ,Адријана Билаловиќ, Никола Тодороски, Ивица Цонев Стрезо Стаматовски ,Сашо Ристовски, Павел Маслов, Ташко Лаброски ,Борис Велјаноски ,Наум Џулески, Ева Костојчиноска, Арбена Далип. Картите за преставата се распродадени но најверојатно ќе останат многумина пред вратите пред се поради малиот капацитет на малата сала.
{loadposition content9}