Skip to main content

Сеуште не се знае со која претстава ќе се отвори театарската сезона

Новата театарска сезона место  како што беше најавено, со Сонот на летната ноќ од Шекспир ќе започне со  друга претстава. Причина за тоа е што техничките соработници од странство не можат да дојдат поради други обврски со кои се зафатени.

 |  Јаковлева Лионела  | 
сон на летната ноќ
son na letnata nok

Сонот на летната ноќ охридските љубители на театарот по се изгледа можат да го гледаат само на лето а на зима можат да го сонуваат. Техничките соработници од странство кои се потрудија ова дело на Шекспир 4 пати да биде изведено во Охрид во летниот период сега поради други ангажмани им ги изменија плановите на Охридскиот народен театар и Центарот за култура Григор Прличев. Новата театарска сезона место  како што беше најавено, со најволшебното дело на Шекспир ќе започне со задоцнување со некоја друга претстава.   prestava

Со уметничкиот директор на охридскиот театар Горан Стојановски  решивме театарската сезона да ја започнеме со некоја друга престава од драмскиот репертоар, вели директорката  на Центарот за култура, Григор Прличев, Драгана Боцевска.  Четири престави како што се Малограѓанска свадба, Емигранти, Итар пејо и Ајде да си речиме уште една во секој момент се подготвени, додава таа.

Новото театарско дружење со охридската публика ќе започне на 22 ноември. Најавени се гостувања од театарот во Битола, а и од вевчанскиот театар. Боцевска вели дека охридскиот театар функционира беспрекорно, а шпекулациите дека причина за одлагањето на почетокот  на театарската сезона се финансиите, се неосновани.

Десет глумци се на платен список и редовно земаат плата. Нема никаков проблем околу тоа или некакво незадоволство, изјави  Боцеска.

Боцевска кажува дека создадени се солидни услови за функционирање на охридскиот театар. Направени се гримиорните, а зад малата сцена направени се соблекувални за глумците, кабините, а реновирани се и санитарните јазли. Планирано е и за наредната година од Министерството за култура да се побараат средства за оваа намена.

{loadposition content9}