Наутро многу студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност, поголема во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во Охрид денешните температури во интервал од -5 до 5 степени Целзиусови.
Од недела следува период на променливо облачно време со постепен пораст на температурите. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Од понеделник ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од слаб снег, велат од УХМР.