Skip to main content

УХМР

Сончево и многу топло, попладне можна нестабилност со пороен дожд и грмежи

Минималните температури во Охрид од 17, а максималните до 32 степени Целзиусови. УВ индексот ќе има вредност 9.
 |  инфодеск  | 
Св Јован Канео

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, грмежи и појава на град.

Во деновите од викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за 5-7 степени во споредба со вчерашните. Од понеделник дневните температури повторно ќе бидат во постепен пораст, велат од УХМР.

Минималните температури во Охрид од 17, а максималните до 32 степени Целзиусови. УВ индексот ќе има вредност 9.