Skip to main content

Сончево и топло со мала до умерена облачност

Минималните температури од 10, а максималните до 22 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Во попладневните и вечерните часови во северозападните делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.

Минималните температури од 10, а максималните до 22 степени Целзиусови.

Во недела локално, а во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, краткотрајно во форма на невреме. Во вторник ќе има опаѓање на температурата и се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Потоа следува период на стабилно време со ниски утрински температури, информираат од УХМР.