Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во четврток попладне и во петок ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен северен ветер. Во деновите од викендот ќе биде стабилно, сончево и топло со мала до умерена облачност, а од почетокот на следната седмица се очекуваат повремени врнежи од дожд и појава на грмежи, информираат од УХМР.
Температурите во Охрид денес ќе бидат во интервал од 7 до 20 степени Целзиусови.