Денес времето во Охрид ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Во Македонија попладне претежно во северозападните планински подрачја ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Температурите ќе се движат во интервал од 14 до 30 степени Целзиусови, а UV индексот ќе има вредност 7.
Утре нестабилно ќе биде претежно во северните делови од земјата, а повеќе услови за нестабилност ќе има од четврток кога на повеќе места ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе биде поголеми промени, велат од УХМР.