Skip to main content

УХМР

Сончево со локална облачност, од утре нестабилно време и пад на температурите

Денес во Охрид минималните температури од 8, а максималните до 20 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне во крајните југозападни региони ќе има услови за слаб дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Денес во Охрид минималните температури од 8, а максималните до 20 степени Целзиусови.

Од УХМР најавуваат дека од утре до крајот на седмицата следува период на променливо облачно време со повремен локален дожд. Во вторник ќе има изолирана, а во среда на повеќе места појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Од четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурата ќе биде во позначително опаѓање. Во петок и во деновите од викендот се очекува утринската температура наместа да се спушти под нула степени.