Skip to main content

УХМР

Сончево со мала облачност

Во Охрид денес температурите во интервал од 2 до 18 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во Охрид денес температурите во интервал од 2 до 18 степени Целзиусови.

Во текот на оваа седмица нашето подрачје ќе се наоѓа под влијание на топла воздушна маса од југ, која ќе услови и понатаму да се задржи релативно топло време за овој период од годината. Денес времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а потоа во следните два дена особено во вечерните и ноќните часови ќе има локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи. Услови за локален дожд ќе има и во четврток во претпладневните часови. За време на прогнозираниот период ќе дува засилен јужен ветер, а температурите ќе бидат во пораст, особено утринските, информираат од УХМР.