Skip to main content

Сончево и многу топло со температура до 34 степени

Особено топло ќе биде во деновите од викендов кога дневната температура локално ќе достигне 40 степени.
 |  инфодеск  | 

Времето денеска во Охрид ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.

Максималната дневна температура ќе се искачи до 34 степени.

Температурите во Македонија до максимални 38 степени.

До понеделник времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Особено топло ќе биде во деновите од викендов кога дневната температура локално ќе достигне 40 степени. Во вторник се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во среда ќе дува засилен северен ветер, а температурите ќе опаднат за неколку степени.