Skip to main content

УХМР

Сончево и многу топло со температура до 33 степени

Насекаде во Македонија е активно жолто ниво на опасност од висока температура.
 |  инфодеск  | 

Времето денеска во Охрид сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. UV=8. Максималната дневна температура ќе се искачи до 33 степени.

Во следните денови во Македонија ќе се задржи многу топло време со дневна температура која на повеќе места ќе надминува 35 степени. Насекаде ќе биде активирано жолто, а во некои делови и портокалово ниво на опасност од висока температура. Од среда во попладневните часови ќе има појава на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи, особено во четврток и сабота.