Времето денеска сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер. UV индексот со многу висока вредност 10.
Максималната дневна температура ќе се искачи до 35 степени.
Под влијание на топол бран во следниот период ќе се задржи стабилно и многу топло време со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35, а наместа и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. UV индексот ќе има многу висока вредност 10.