Skip to main content

УХМР

Сончево и многу топло време

Максималната дневна температура ќе се искачи до 33 степени.
 |  инфодеск  | 
Охрид Фото: Ѓоко Симјаноски

Времето денеска во Охрид сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до 33 степени.

Во текот на неделата времето во Македонија ќе биде претежно стабилно и многу топло, а дневната температура на повеќе места ќе надминува 35 степени. Насекаде ќе биде активирано жолто, а во некои делови и портокалово ниво на опасност од висока температура. Од четврток ќе се зголемат условите за попладневна нестабилност со локален пороен дожд и грмежи.