Skip to main content

УХМР

Сончево со мала облачност и температура до 13 степени

Од утре во вечерните часови во Македонија врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни.
 |  инфодеск  | 

По суденото утро со температура од -1 степен, преку денот во Охрид времето ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност. Максималната дневна температура ќе се искачи до 13 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Во вторник по одделни котлини во Македонија ќе има појава на магла и ниска облачност, а кон крајот на денот најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во среда и во останатите делови ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Утринската температура ќе биде во пораст.

фото: Ѓоко Симјаноски