Skip to main content

УХМР

Сончево и посвежо време со температура до 26 степени

Времето во Македонија во следните денови ќе биде стабилно и посвежо.
 |  инфодеск  | 

Времето денеска во Охрид претпладне променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево и посвежо време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови засилен ветер од западен и северозападен правец.

Максималната дневна температура ќе се искачи до 26 степени. UV=8.

Времето во Македонија во следните денови ќе биде стабилно и посвежо со умерен, повремено засилен ветер од западен и северозападен правец.