Денеска во Охрид не очекува сончево и потопло време. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до 19 степени.
До сабота претпладне, во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Во петок и сабота ќе дува засилен југоисточен ветер, кој ќе предизвика значителен пораст на утринската и дневната температура. Во сабота попладне и во недела претежно во западните делови од земјата ќе има појава на повремен дожд, наместа пороен и со појава на ретки грмежи.
Фото: Ѓоко Симјаноски