Денеска во Македонија времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец.
Во Охрид сончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Утринската температура до 9 , а максималната дневна до 21 степен.
Од недела под влијание на циклонска активност и нестабилна воздушна маса следува период на променливо облачно и топло време, а во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, проследени со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за изолирана појава на град.