Денес времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 4 до 11 степени Целзиусови.
Утре кон крајот на денот и во деновите од викендот ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса со засилен северен ветер, во сабота врнежите постепено ќе преминуваат во снег и во повисоките, а во недела и во пониските места. Локално се очекуваат пообилни врнежи, информираат од УХМР.