Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Од УХМР информираат дека температурите ќе бидат во постепен пораст, особено од утре до средината на наредната седмица кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надмине 40°C. Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.
Денешните минимални температури во Охрид од 16, а максималните до 30 степени Целзиусови. УВ индексот ќе има вредност 9.