Претпладне по одделни котлини со услови за магла и ниска облачност. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во текот на ноќта кон понеделник на планините и на некои повисоки места во западните и северните делови врнежите ќе бидат од повремен снег. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, информираат од УХМР.
Од утре времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.
Денешните температури во интервал од 4 до 12 степени Целзиусови.