Во Македонија наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Во планинските региони ќе има зголемена облачност и услови за слаб повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 7 до 19 степени Целзиусови.