Skip to main content

Сончево и студено со температура до 7 степени

Следува период на стабилно време со ниски утрински температури.
 |  инфодеск  | 

Во Охрид времето денес ќе биде сончево и студено. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.

Во Македонија следува период на стабилно време со ниски утрински температури. Денес ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Во петок во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд во јужните делови, информираат од УХМР.