Утрото студено, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Утре времето ќе биде претежно сончево со пораст на дневните температури, додека утринските насекаде ќе бидат негативни. Од сабота облачноста ќе се зголеми, а во недела кон крајот на денот и во првите денови од следната седмица се очекуваат локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, велат од УХМР.
Денешните температури во Охрид од -2 до 11 степени Целзиусови.
Фото: Ѓоко Симјаноски