Во Охрид денес по ведрото и многу студено утро со температура од -7 степени, преку денот ќе имаме сончево време со мала до умерена локална облачност. Максималната температура ќе се искачи до 3 степени.
До среда времето во Македонија ќе биде стабилно со услови за појава на магла по котлините и со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштаат и под -15 степени. Од четврток ќе дува засилен северен ветер, а температурите ќе бидат во пораст, информираат од УХМР.
фото: Ѓоко Симјаноски