Skip to main content

Сончево со температура до 26 степени

До крајот на работната седмица, според метеоролозите, во државава ќе се задржи претпладне променливо облачно време со сончеви периоди.
 |  инфодеск  | 

Во Охрид времето денес ќе биде сончево со мала облачност. Максималната температура ќе достигне до 26 степени.

До крајот на работната седмица, според метеоролозите, во државава ќе се задржи претпладне променливо облачно време со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во четврток процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер, грмежи и услови за појава на град. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, кој во вторник во западните делови повремено ќе достигнува брзина од 60 km/h.