Skip to main content

Сончево со температура до 29 степени

До средината на следната работна седмица следува период на стабилно и претежно сончево време.
 |  инфодеск  | 
Лето фото: Ѓоко симјаноски

Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди. Максималната температура ќе достигне до 29 степени.

Во Македонија променливо облачно со сончеви периоди. Попладне повторно ќе биде нестабилно наместа со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град.

До средината на следната работна седмица следува период на стабилно и претежно сончево време. Утре ќе дува засилен до силен, а во следните денови умерен до засилен северен ветер

Фото: Ѓоко Симјаноски